(ВИДЕО) Локвенец: Прилепската болница e во „клиничка смрт“

Од:

„Прилепската болница е доведена на раб на катастрофа, нема греење и топла вода ниту во болничките соби, ниту во амбулантите, ниту во операционите сали.

Како и претходнaта година, по заслуга на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и оваа зима пациентите и докторите ќе мора од дома да си носат греалки за да се згреат.

Сметката на болницата е блокирана за долг од околу 120 милиони денари, набавката на мамограф за рано откривање на малигни болести никако да се случи, а во сите одделенија недостигаат апарати и специјалистички кадар“, изјави Хари Локвенец, член на И.О. на СДСМ.

„За хаосот и ужасот во болницата да бидат комплетни, пациентите се приморани голем дел од лековите да си ги купуваат самите.

Вака ли Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го замислуваат здравството во 21-век?

Од тука, од пред прилепската болница „Борка Талески“, која според речникот на лекарите се наоѓа во „клиничка смрт“, сакам да упатам неколку прашања до министерот за здравство Никола Тодоров:

Дали тој лично би се лекувал во болница, во која нема лекови и основни средства за хигиена?

Дали би ја донел својата сопруга на породување во „камен ладна“ родилна сала и гинеколошко-акушерско одделение кое едвај функционира со двајца гинеколози?

СДСМ го поставува здравјето на граѓаните на прво место и од Никола Тодоров, универзалниот министер во Владата на Груевски бараме, веднаш да се откаже од замајувачки и нефункционални проекти како „ало докторе“ и да се зафати со решавање на суштинските проблеми во прилепската болница“, вели Локвенец.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата