Британската полиција соопшти дека истрагата која што ја спроведува во врска со педофилија, покажала дека педофилскиот ланец е поврзан со луѓе од власта и дека постои сомнеж за убиство.
Како што се наведува во соопштението педофилскиот ланец бил распространет дури до уредот на премиерот, а една жртва сведочела дека ја силувале високи функционери од политиката и војската.
Новата операција која што е наречена „Мидланд“, се занимава со убиство кое што се случило пред 30 години, а за кое полицијата во последните неколку недели добила нови информации.
Е. Г.