(ВИДЕО) Спасовски: Истрајно и заедно кон промените

Од:

На вчерашната трибина на СДСМ и коалициските партнери со граѓаните на Тетово се обрати генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски кој рече дека конзистентноста и солидарноста која произлегува од редовите на СДСМ е гарант за разбирање и солидарност со проблемите со кои се соочуваат граѓаните во Република Македонија.

Спасовски порача дека истрајноста на СДСМ, заедно со граѓаните, ќе ги донесе неопходните промени во Македонија.

tribinaSDSMTetovo (2)

На трибината, граѓаните отворија голема дебата на која бараа решенија за проблемот со високите цени за водата, струјата и парното, големиот проблем на тетовчани со загадувањето на воздухот,  прашуваа како да се справат со притисоците кои се вршат врз наставниците, дали власта намерно ги предизвикува меѓуетничките односи и сл.

tribinaSDSMTetovo (3)

Ова беа дел од прашањата за кои се интересираа присутните на големата трибина од широката граѓанска дебата што ја отворија СДСМ и коалициските партнери, вчеравечер во Тетово.

tribinaSDSMTetovo (1)

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра