Лидерот на екстремистичката група Исламска држава (ИД) Абу Бакр ал-Багдади изјави дека неговите борци нема да се откажат и ќе се борат до последниот човек.
Аудио пораката, испратена преку социјалните мрежи, е прва откако меѓународната коалиција предводена од САД почна со воздушни напади против ИД во Ирак и Сирија.
Тој наведува дека неговите луѓе никогаш нема да престанат да се борат, дури и ако остане само еден од нив.
Западни медиуми јавуваат дека засега нема официјална потврда дека тоа е негова порака. Багдади повикува на напади врз Саудиска Арабија и на џихад во целиот свет.