СДСМ: Чувствува ли министерот Спасов морална одговорност?

Од:

Министерот Диме Спасов денеска потврди дека трократното убиство во Кавадарци е последица на целосно нефункционирање на институциите кои што треба да спречат насилство.

После изјавата на Спасов јасно е дека воопшто не се почитуваат протоколите за интервенција во случаите на семејно насилство и дека власта на Никола Груевски е неспособна да ги заштити жртвите.

Зарем требаше да се случи 3 кратно убиство и да згаснат невини човечки жртви за министерот нешто да превземе?

Чувствува ли министерот Спасов морална одговорност?

Зошто јавноста не доби одговор на прашањето дали попустливоста на институциите се должи на блискоста на убиецот со владејачката ВМРО-ДПМНЕ?

Граѓаните очекуваат одговори и одговорност за овој случај, се вели писмената реакција на СДСМ на изјавата на Диме Спасов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт