Горбачов побара од Меркел да не се дозволи појавување на нов Берлински ѕид

Од:

Поранешниот советски претседател Михаил Горбачов по неговиот вчерашен разговор со германскиот канцелар Ангела Меркел упати силен повик за помирување меѓу Русија и Европската унија , пренесе ДПА.

– Не можеме да дозволиме да дојде до појава на нов Берлински ѕид, рече тој по 40-минутниот разговор со Меркел, посветен на сегашната тензија околу кризата во Украина. Според него, сите треба да вложат напори и да се надминат актуелните проблеми.

Според германскиот владин портпарол, за време на разговорот Меркел од своја страна го истакнала големото значење на германско-руските односи на долгорочен план, и покрај сите разлики меѓу нив.

Горбачов (83), на крајот од минатата недела, во германската престолнина учествуваше во празнувањата по повод 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид. Оттаму тој силно го прекори Западот, а и предупреди на опасноста од нова студена војна во контекст на украинскиот конфликт.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Германија: Полиција влезе во училишна зградата, учениците затворени во училниците

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Германски полицаец загина, а друг е тешко повреден додека го обезбедувале Виктор Орбан

Горан Наумовски

Германците пресметаа: Одморот во Хрватска е поскап отколку во Шпанија, Грција и Португалија

Мртво девојче е пронајдено покрај брегот на Рајна, уапсени се нејзините родители

Германија протера авганистанско семејство, Варшава го осуди овој потег како кршење на законот

Горан Наумовски