Амбасадорот Дабиќ му ги предаде акредитивите на генералниот секретар на НАТО

Од:

Новоименуваниот амбасадор на Република Македонија при НАТО Зоран Дабиќ денеска во седиштето на НАТО во Брисел му ги предаде акредитивните писма на генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

Дабиќ на средбата ја реафирмирал определбата на Владата на Република Македонија за што поскоро зачленување на Република Македонија во НАТО, како еден од нејзините врвни приоритети во надворешната политика.

– Истовремено, го нагласи и нашиот досегашен ангажман во меѓународните мировни мисии, со акцент на нашата определба за натамошно учество во новата мисија во Авганистан за обука, тренирање и помагање на авганистанските безбедносни сили „Решителна поддршка“, согласно потребите на Алијансата, мандатот на мисијата и можностите на Република Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи.

Двајцата соговорници на состанокот размениле мислења и во однос на актуелните безбедносни предизвици и потребата од заемно градење партнерска соработка со сите земји-членки во Алијансата, како заеднички интерес и определба во насока на зајакнување на регионалната и глобалната безбедност и стабилност.

– Во оваа прилика амбасадорот Дабиќ ја пренесе поканата за посета на новиот генерален секретар на НАТО Столтенберг на Република Македонија, наведува МНР во соопштението.

Би можело да ве интересира

Путин издаде наредба: „Уништете го НАТО“

Предраг Петровиќ

Дрон влезе во воздужниот простор на Летонија, го соборија авиони на НАТО

Катерина Ѓуровски

Путин: НАТО го зголемува своето присуство во Пацификот, се зголемува потенцијалот за конфликт

Нинисто: Русија нема да го нападне НАТО

Кинески шпионски софтвер се шири низ целиот свет: Ги следи рутерите на НАТО

Горан Наумовски

Американските разузнавачи: Путин би можел да го нападне НАТО