ВМРО-ДПМНЕ: Владата и Груевски никогаш не реклe дека „Сахара груп“ ќе инвестира, ниту дека нема да инвестира

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов истакнува дека  во случајот со индиската компанија „Сахара груп“ граѓаните не се оштетени  од ниту еден аспект и оти државата постапила одговорно заштитувајќи се и поставувајќи барања за банкарски гаранции.

– Владата и премиерот Груевски никогаш не рекла дека ќе инвестира, ниту дека нема да инвестира. Владата единствено соопшти дека компанијата пројавила интерес, а самиот сопственик на компанијата изјави дека ќе инвестира. Прашањето дали таа ќе инвестира или нема да инвестира, е тема која зависи од самиот инвеститор, а задача на Владата предводена од ВМРО-ДПНМНЕ е да се бори за секое новоотворено работно место кое значи егзистенција за граѓаните и многу семејства, се вели во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ нема некаков кредибилитет да дебатира за привлекување инвестиции. Владата, истакнува владејачката партија, во изминатиот период успеа да привлече десетици големи странски инвестиции и компании како Џонсон Котролс, Џонсон Мети, Кемет Електроникс, Кромберт и Шуберт, Дрекслемаер,  Ван Хол, Амфенол, Технохозе, Продис, Стилкон, Гришко, Суташ, и многу други решија да инвестираат и да изградат фабрики од нула.

 – Овде се вработени неколку илјади граѓани и обезбедуваат егзистенција неколку илјади семејства. Оттука, Владата се однесува исто кон сите странски компании кои изразиле намера да инвестираат во земјава, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Швајцарци го оставиле празниот куфер кој направи паника кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Власта е уплашена и нервозна, искршени стакла на изборниот штаб на СДСМ во Градско

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

Филипче: Во калта на Мицкоски нема да влегувам, ќе продолжам да го разобличувам

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го демантира Венко, пред една година славеше со Заев за францускиот предлог сега предлага „црвени линии“ за власт и спас на фотелјата во СДС

Филипче: Се откри грдото лице на оваа власт, правда за Кочани нема да има, ги заштитиле своите функционери