Откриен вирусот кој луѓето ги прави „глупави“

Од:

Откриен е вирусот кој го инфицира човечкиот мозок и ги прави луѓето „глупави“, тврдат американски истражувачи.

Вирусот кој ги инфицира алгите никогаш претходно не е забележан кај здравите луѓе, а научниците откриле дека тој може да влијае на когнитивните функции, вклучувајќи го визуелното процесирање и свеста во просторот.

Истражувачите од Универзитетот Небраска дошле до ова откритие при спроведување на студија во врска со микробите во грлото.

Изненадувачки е што тие откриле дека ДНК-то во грлата на здравите лица се совпаѓало со ДНК-то на вирусот кој ги инфицира зелените алги.

Доктор Роберт Јолкен, виролог кој го предводел истражувањето, истакнал дека „ова е впечатлив пример кој покажува дека микроорганизмите кои ги носиме во нас можат да влијаат на однесувањето и когнитивните способности.  Многу физиолошки разлики се енкодирани во гените кои ги наследуваме од родителите, меѓутоа некои од овие различности се дополнително изразени со  бројни миркоорганизми кои ги носиме во себе и кои вршат интеракција со нашите гени“.

Од 90 учесници во истражувањето, 40 биле позитивни на овој вирус. Лицата со вирусот имале полоши резултати на тестовите кои биле направени да ја мерат брзината и прецизноста на визуелното процесирање.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он