Дваесет и пет нови столчиња доби игротеката на Детската клиника

Од:

Дваесет и пет нови столчиња доби денеска игротеката на Клиниката за детски болести-Скопје. Станува збор за донација од Лајонс клуб Скопје.

– Убаво е човек да биде хуман и да помогне на тие на кои помошта наша им е најпотребна. Една убава реченица на Мелвин Џонс, кој е основачот на Лајонс вели „Во животот не си направил ништо ако на некого не си му помогнал“. Ние се држиме по таа девиза, изјави претседателот на Лајонс клуб Скопје, Мелита Стаматоска.

Таа посочи дека донацијата е реализирана во соработка и со Француска амбасада, по донаторска вечер на која биле собрани средства со кои биле набавени столчињата.

Директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова се заблагодари за донацијата и изрази задоволство бидејќи станува збор за многу квалитетни столчиња, кои се еко проверени,. Посочи дека столчињата лесно се одржуваат и не предизвикуваат интрахоспитални инфекции, односно се според стандард што се бара.

– Во иднина идејата е да се акредитира болницата, да имаме токму акредитирани стандарди во секој сегмент, вклучувајќи го и овој на игротеката, каде што, децата и да седнат не можат да се изгребат, да паднат. Доволно се високи столчињата и на нив може и родител да седи со своето дете. Мора да внимаваме на сите детали, влегувањето во една ваква општествена установа може да предизвика и други проблеми, но ова е едно од тие нешта и сепак можеме да се чувствуваме безбедни дури и во игротеката, додаде Софијанова.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски