ВИДЕО: Божиќна реклама која чини милион фунти

Од:

Секоја година во речиси исто време британската стоковна куќа „Џон Луис“, објавува реклама, која традиционално во Велика Британија го означува почетокот на периодот на подготовките за Божик.

Се чини дека оваа година „Џон Луис“ го има вистинскиот хит, што и не е така чудно ако се има предвид дека оваа година на божиќната кампања се потрошени седум милиони фунти, при што само рекламата чинела милион фунти.

Ѕвезди на овогодишната реклама се детето Сем и неговиот пријател Монти, пингвин, кој станува се поосамен како што се приближува Божик. Музичка подлога на рекламата е каверот „Real Love“ од Џон Ленон во изведба на Том Oдел.

Минатогодишната реклама, во која главните улоги ги има мечка и зајак, на Јутјуб беше птегледна дури 13 милиони пати. Овогодишната реклама е со наслов „Божиот на Монти“ и е седмо дело на Дугал Вилсон. Телевизиската премиера се очекува утре на Канал 4.

Би можело да ве интересира

Доделен и четвртиот автомобил од големата наградна игра на Mozzart

Ана Ололовска

ЗНМ: Рекламите на партиите во медиумите се ризичен чекор

АмЧам: Етичко и одговорно рекламирање

Ана Ололовска

3,8 милиони денари за „информативно гласило“

А1он

ВИДЕО: Најдобрите реклами за Светските првенства во фудбал

Ана Ололовска

ВИДЕО: Рекламите што беа забранети во 2013

Ана Ололовска