Пијан возач,кој вчера низ Москва возел со брзина од 200 километри на час, влетал директно во автобуска станица и на место усмртил четри деца и тројца возрасни.
Уште четворица возрасни се во тешка здравствена состојба.
Московските медиуми пренесоа дека полицијата го привела возачот, кој бил екстремно пијан. Децата кои погинале се на возраст од 14 до 16 години. Несреќата се случила во не толку густо населен дел на западот на Москва, каде се лоцирани главните филмски студија.