Во извештајот од меѓународниот собир на ОН за клима, се предупредува дека доколку светот има намера да ги избегне опасните климатски промени до 2100 година мора да сопре неконтролираното користење на фосилни горива.
Според научниците и владините официјални лица, кои една недела остро дебатираа, работите ќе мора да се променат до 2050 година или светот ќе се соочи со сериозна, сеопфатна и непоправлива штета.
-Науката го кажа своето. Лидерите мора да преземат нешто, бидејќи времето не е на наша страна-изјави генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, во тек на претставувањето на извештајот во Копенхаген.
Е. Г.