ВИДЕО: Џихадисти продаваат Језиди за 500 долари

Од:

Покрај видео записите во кои се закануваат со убиство на заложниците, припадници на ИСИС објавија нови, во кои зборуваат за трговија со луѓе. Во снимката објавена на „Јутјуб“ џихадисти зборуваат дека продаваат девојчиња Језиди.

-Денеска е ден за дистрибуција, па секој од нас ќе го добие својот дел – вели еден терорист на снимката, која наводно е направена во градот Мосул.

Инаку веќе неколку месеци наназад се шират приказни дека дел од приходите за терористички акции, џихадистите го остваруваат преку трговија со луѓе, односно со Језидите.

-Девојките со сини и зелени очи чинат повеќе. Доколку има 15 години, јас морам да и ги проверам забите за да го утврдам тоа. Би ја продал за Глок – вели еден од нив.

Во видеото кое што е преведено на англиски јазик, се наведува дека девојчињата се продаваат за „пет новчаници“, односно за 500 долари, а исто така се наведува дека дека децата и жените од Језиди, се поделени на борците според „шериетскиот закон“.

За потсетување курдскиот народ Језиди се наоѓаат на голем удар од Исламска држава, која на почеток на август тргна во офанзива на нивни територии.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска