Претседателот Иванов ќе го прими академик Чемерски

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе го прими академик Глигор Чемерски, по повод неговата инаугурација во почесен член на Руската академија на уметностите – Императорска.

На приемот во Кабинетот на претседателот ќе бидат изложени дел од 43-те дела на академик Чемерски, што од 10 декември годинава до 10 јануари 2015 година ќе бидат изложени во престижната московска галерија Зураб Церетели. Изложбата под наслов „Во јадрото на Балканот – раката гледа“ е по повод неговата инаугурација во почесен член на Руската академија и е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

Покрај претседателот Иванов на приемот ќе се обратат и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и академик Чемерски.

Академик Глигор Чемерски на 27 март годинава, во Москва беше инаугуриран во почесен член на Руската академија на уметностите – Императорска.

Би можело да ве интересира

Грозданов: Наместо стратегија за развој, МАНУ испорача исполнување на желби на поединци

Грозданов: Предлог Стратегијата на МАНУ за минерални суровини треба да биде одбиена

Македонија беше центар на европската хематолошка научна фела

А1он

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Евроинтеграциските процеси на државава е „комплетно блокирана со ирационалниот спор со нашите соседи“, вели Попов