Групата Исламска држава презема одговорност за два бомбашки напади врз шиитски верници во Багдад, во кои загинаа 23 лица.
Во соопштението објавено вчера на Интернет, групата наведува, дека нападите со автомобил бомби се извршени наспроти строгите безбедносни мерки за време на најголемиот собир на верници, пренесува БТА.
Според ИД цел на нападите биле шиити, кои тргнале кон светиот град Кербала за религиозниот празник „Ашура“.