Со трите натпревари одиграни попладнево комплетирано е 10. коло во германската фудбалска Бундес лига.
Во Менхенгладбах, Борусија го победи Хофенхајм со 3:1. Победа пред своите навивачи забележа и Падерборн кој со 3:1 ја совлада Херта.
Единствено Келн не успеа да ги израдува своите фанови, откако загуби од Фрајбург минимално со 1:0.
На останатите средби од ова коло беа постигнати овие резултати: Шалке – Аугсбург 1:0, Хамбургер – Баер Леверкузен 1:0, Хановер – Ајнтрахт 1:0, Мајнц – Вердер 1:2, Штутгарт – Волфсбург 0:4 и Баерн Минхен – Борусија Дортмунд 2:1.
Табела: Баерн Минхен 24 бодови, Волфсбург 20, Борусија Менхенгладбах 20, Хофенхајм 17, Баер Леверкузен 16, Хановер 16…