СДСМ Струмица: Како е можно вандалите да дивеат во центарот на градот, а полицијата да не го забележи тоа?

Од:

„СДСМ Струмица најостро го осудува вандалското уништување на урбаната опрема во централното градско подрачје, при што е нанесена голема штета на повеќе локации во градот. Вакво вандалско однесување не се случува за прв пат. Граѓаните се сведоци на уништување на имот во повеќе наврати, а за кој и тие давале пари.

Како е можно во строгиот центар на градот вандалите ноќеска да дивеат, а полицијата да не го забележи тоа? Дојде ли време кога сами треба да го чуваме имотот на сите граѓани?

Бараме од МВР во најкус можен рок да ги пронајде сторителите на овој вандалски чин и да бидат казнети. Се надеваме дека овој пат полицијата професионално ќе си ја заврши работата, со оглед на фактот дека и порано имаше вакви настани. Во неколку наврати беше уништена урбаната опрема на трим патеката во Банско, но до денеска сторителите не се пронајдени“, се вели во писмената реакција на СДСМ Струмица за вандалското уништување на урбаната опрема во градот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација