Близу 70 проценти од македонските домаќинства имаат пристап до интернет од дома, а најмногу го користеле учениците и студентите.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во првото тримесечје од 2014 година 68,3 проценти од домаќинствата имале пристап до интернет од дома и е за 3,3 проценти повеќе во споредба со овој квартал лани.
Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет во вкупниот број на домаќинства е зголемено од 65 отсто во 2013 година, на 67,7 отсто во 2014 година.
Речиси сите (99,1 проценти) домаќинства со интернет-пристап, имале широкопојасно (фиксно или мобилно) поврзување на интернет.
Во првото тримесечје од 2014 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, компјутер користеле 67,6 отсто, a интернет користеле 68,1 отсто. Интернет најмногу користеле учениците и студентите, односно 96,3 отсто, 55,2 проценти од корисниците на интернет во првото тримесечје од 2014 година употребиле мобилен телефон или паметен телефон за пристап на интернет надвор од дома или работа.