Амбулантно беспилотно летало

Од:

Во Холандија е претставен еден од првите прототипови на амбулантно беспилотно летало, кое во најкус рок може да пренесе дефибрилатор до пациентот кој претрпел срцев удар.

Со шест пропелери може да се постигне брзина до сто километри на час и ќе се носи товар од четири килограми, а самостојно ќе се одбира насоката на движење, бидејќи ќе одговара на итен повик и со помош на ГПС ќе утврдува од каде е упатен.

– Околу 800.000 лица секоја година доживуваат срцев удар во ЕУ и само осум отсто преживуваат, рече Алек Момонт (23), белгиски студент од технички науки кој го развил тој состав.

– Главната причина е релативно долгиот период што е потребен за доаѓање на спасувачи на лице место, што во просек изнесува околу десет минути, а смртта во такви настапува за четири до шест минути, рече тој.

Момонт истакнува дека амбулантното летало може да пренесе дефибрилатор за една минута во круг од 12 квадратни километри, со што изгледите за преживување на пациентот би се зголемиле од осум на 80 отсто.

Кога леталото ќе пристигне на одредиштето, медицинскиот персонал може да даде упатства на лицата кои се наоѓаат покрај пациентите со помош на микрофони и камери кои леталото ги пренесува.

Доколку има сериско производство, леталото би требало да чини околу 15.000 евра по парче.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он