Русија и Украина постигнаа договор околу испораката на гас

Од:

Русија и Украина постигнаа синоќа договор околу испораката на гас во текот на престојната зима и пролетта во 2015 година, по неколкумесечните тешки преговори со посредство на ЕУ.

Според договорот, Русија се согласи да ги обнови испораките на гас за украинските потреби, што во истовреме значи сигурност и во испораката на гас за земјите од ЕУ, кои се снабдуваат со овој вид енергенс преку територијата на Украина.

Претседателот на Европската комисија на заминување, Жозе Мануел Баросо го поздрави потпишувањето на договорт, констатирајќи дека сега веќе не постојат  причини за да се стравува оти луѓето во ЕУ ќе се смрзнуваат во своите домовиво текот на оваа зима.

– Ова е значаен чекор за обезбедување енергетска сигурност на европскиот континент, рече Баросо.

Еврокомесарот за енергетика, Гинтер Етингер, по постигнатиот договор меѓу Москва и Киев изјави дека ЕУ има обезбедено сигурно снабдување со гас и изрази надеж дека договорот можеби ќе биде првиот знак за олеснување на руско-украинските тензии.

Договрот што го потпишаа директорот на руски „Газпром“ Алексеј Милер и директорот на украинската државна компанија „Нафтогаз“ Андри Коболев, предвидува гаранции од ЕУ дека Украина ќе има сигурна испорака на гас, според цената што е договорена. Со овој договор ЕУ е гарант и околу исплатите на огромниот украински долг кон Русија.

Целиот пакет околу кој се договорија двете страни изнесува 4,6 милијарди долари, а средствата за него ги обезбедуваат Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и ЕУ.

Властите во Киев ќе плаќаат за рускиот гас 378 долари, за 1000 кубни метри до крајот на оваа година, а 365 долари во првиот квартал на 2015 година. Вкупно 1,45 милијарди долари ќе и бидат исплатени на Русија веднаш, а другите 1,65 милијарди до крајот на годинава.

Рускиот министер за енергија, Александар Новак изјави дека Украина ќе мора да плаќа однапред за сите други испораки на гас, по истекувањето на овој договор.

Русија ги прекина испораките на гас за Украина, откако Москва ја укина субвенцијата што ја даваше на Киев за цената на гасот, која беше многу поевтина од пазарната.

Украина целосно зависи од рускиот гас, а Русија обезбедува една третина и од потребите на ЕУ со оваа енергетска суровина. Дури 50 отсто од овие испораки доаѓаат во земјите на Унијата, преку украинската територија.

Би можело да ве интересира

Сијарто: На Трамп не му требаат посредници за да се обиде да го реши конфликтот во Украина

Орбан: ЕУ ја загуби војната во Украина

(ВИДЕО) Напад со дронови во рускиот град Казан

А1он

МНР: Погодена е и зградата каде се сместени шест амбасади, меѓу кои и на Македонија

Горан Наумовски

Пожар во притвор во Русија: Има мртви

Руските сили за воздушна одбрана соборија 36 украински беспилотни летала во текот на ноќта