Штрајкуваат вработените во турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“, еден ден откако турскиот Парламент усвои контроверзниот закон за забрана на штрајкови во воздухопловството.
Во три часот по средноевропско време, започнал штрајкот, јавуваат медиумите, а нема работаат до 20 часот денеска.
Турската авиокомпанија веќе отпушти 300 работници кои не пристигнале на работните места објаснувајќи дека штрајкот бил нелегален.
„Туркиш ерлајнс“ има флота од 178 сопствени авиони и опслужува 218 линии ширум светот.