(ВИДЕО) СДСМ: Репресијата на ВМРО-ДПМНЕ врз граѓаните и фирмите во Струмица мора да прекине

Од:

„Струмица и граѓаните на Струмица се постојано на мета на инспекциите. По три месеци градот повторно е сардисан од инспектори. Власта повторно ги казнува струмичани.

Сега на мета на армијата инспектори се фирмите и тезгите на затворениот пазар. Повеќе од јасно е дека власта континуирано ја става Струмица на врвот од својата агенда за собирање арач.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека општина Струмица е европски град за пример“, рече Миле Милановиќ, член на Извршниот одбор на ОО СДСМ Струмица.

„ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со економските резултати и економскиот раст на општината без помош од централната власт. Затоа, арачлиите на оваа власт пустошат низ нашата општина.

Вака ли власта на Груевски им се осветува на струмичани оти три пати по ред му ја даваат поддршката на Зоран Заев?

Ваквата репресија врз граѓаните и фирмите во Струмица мора да прекине“, изјави Миле Милановиќ, член на Извршниот одбор на ОО СДСМ Струмица.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација