Во Србија, Хрватска и БиХ стартува емитувањето на регионалната телевизија Ен1

Од:

Во Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина од денеска почнува емитувањето на првата регионална 24-часовна информативна телевизија Ен1, ексклузивен партнер на Си-Ен-Ен за регионот.

Емитувањето на програмата почнува денеска во 14 часот по локално време.

Телевизијата ќе има седишта во Белград, Загреб и Сараево, секое со своја сопствена уредувачка политика, новинари и телевизиско студио.

Трите студија ќе објавуваат сопствени материјали, кои ќе се обединат во регионална програма, која ќе биде во функција со интересите на публиката во трите земји.

– Освен телевизиски сигнал, овој екслузивен партнер на Си-Ен-Ен ќе отвори и информативен портал и апликации за ИОС, Андроид и Виндоус, изјави директорот на програмата за Србија, Југослав Чосиќ.

Новата телевизија ќе може да емитува и програми на Си-Ен-Ен, за кои ќе смета дека се интересни за публиката во регионот.

Во програмата на Ен1 ќе бидат вклучени информативни емисии, дебатни емисии, забавни програми, спорт и документарни филмови.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on