Екипа научници од Институтот за проучување на крвоток во Сан Франциско оживеа вирус стар 700 години, откриен во измет на северноамерикански елени.
Благодарение на овој успех, тие се надеваат дека ќе успеат да оживеат и други вируси, со цел подобро да ја проучат нивната билогија и да научат како да се борат против нив. Вирусот кој е откриен најверојатно ги напаѓал растенијата, со кои елените се хранеле.
-Откритието покажува дека вирусите можат да прживеат доста долго во ладна средина – вели Ерик Делварт еден од експертите кои учествувале во истражувањето.
Неговата екипа анализирала генетички материјал на вирусот од примерок од слоеви акумулиран измет од елени во Канада, од кои некои делови се стари и до 4.000 години.
Елените се собирале на замрзнатите делови на тлото, за да побегнат од инсекти, а во наталожените фекалии и денес може да се пронајдат делови од билки.
Научниците изолирале целосен геном на вирус од слој стар 700 години и развиле нов, со кој успешно заразиле едно растение.
-Знаењето за древните вируси е ограничено поради нивната ниска концентрација и мал број примероци. Меѓутоа во константно студенило нуклеинските киселини може да бидат сочувани со векови-велат истражувачите.
Тимот предупредува дека ова откритие е важно и во случај на оживување на древните вируси поради климатските промени и топењето на ледот на половите, поради тоа што некои се уште може да претставуваат закана за живите суштества.
Е. Г.