Медицинска мистерија: Момче пред една година престанало да јаде

Од:

Дванаесетгодишно момче стана мистерија за лекарите, бидејќи без никакви претходни симптоми веќе една година, одбива да јаде.

Како што наведуваат агенциите малиот Ландон Џонс, вечерта на 13-ти ноември во 2013 година, јадел пица а потоа сладолед и кога се разбудил утрото го изгубил сето чувство за глад, жед и хумор.

Со оглед на тоа што оваа година речиси секојдневно страда од мачнина и вртоглавици, Ландон ослабнал 16 килограми и сега има само 30.

Во потрага по медицинска дигагноза очајните родители Михаел и Деби го однеле во пет различни американски градови.

Инаку Михаел смета дека кај неговиот син има пореметување во хипоталамусот, бидејќи тој ги регулира гладта, жедта, телесната температура, крвниот проитисок и циклусот за спиење.

Меѓутоа иако неврологот Марк Петерсон од светската угледна клиника Мајо, верува дека случајот на Ландон е можеби единствен на светот, неговите родители не се откажуваат и се надеваат дека лекарите сепак наскоро ќе откријат од што боледува нивниот син.

Е .Г.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он