Нови простории и опрема за Центарот за дијализа во Делчево

Од:

Меѓуопштинскиот Центар за дијализа, што изминатите 15 години работеше во состав на Здравствениот дом „Гоце Делчев“ во Делчево наскоро ќе се пресели во нови простории.

Според најавата на Влатко Коколански, концесионерот „Дијамед Македонија“, кој од февруари годинава го презеде делчевскиот Центар за дијализа, преселувањето во новите простории ќе биде извршено при крајот на годинава.

„Дијамед Македонија“ кој покрај овој е концесионер на уште осум центри за дијализа во земјава, во новите простории од 600 метри квадратни ќе обезбеди и нова опрема и современи медицински апарати.

Услугите на Меѓуопштинскиот центар за дијализа на „Дијамед Македонија“ ги користат триесетина пациенти од Пијанечко-малешевскиот крај од подрачјето на општините Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево.

Тие во новите простории што се наоѓаат во адаптираната управна зграда на поранешната фирма „Технозавод“ ќе имаат многу подобри услови за вршење на дијализата и за заштита на своето здравје. 

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!