Хуманитарен фудбалски натпревар и концерт во Битола

Од:

Општина Битола во соработка со Фудбалската федерација на Македонија организира хуманитарен натпревар и концерт за Игор Наумовски – 26 годшно момче од Битола, кој има потреба од медицински третман во странство.

Од секторот за односи со јавност на општина Битола информираат дека со секоја купена влезница секој хуман граѓанин, љубител на спортот и музиката активно ќе придонесе во заздравувањето на Наумовски.

– Бидете хумани и бидете дел од оние кои подаваат рака на еден млад живот. На хуманитарниот натпревар и концерт ќе учествуваат Илија Најдовски, Бошко Ѓуровски, Саша Ќириќ, Томче Трајановски, Жанко Савов, Свето Станковски, претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски, а како гостин играч доаѓа и легендата на македонската кошарка Пеце Наумовски. Во музичкиот дел ќе настапат Даниел Кајмакоски, Влатко Лозановски, Ламбе Алабаковски и многу други, посочи Цветанка Ристевска, советник за односи со јавност во општина Битола.

Хуманитарниот фудбалски натпревар и музичкиот концерт ќе се одржат утре во спортската сала „Младост“ од 17 часот, влезниците ќе се продаваат по цена од 100 денари.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска