Министер во пакистанската влада денеска понуди 100.000 $ награда за убиство на Накула Бесели Накула, автор на филмот „Невиност на муслиманите”, кој беше снимен во САД.
Министерот Гулам Ахмад Билур истакна дека наградата ќе ја даде од сопствениот џеб за таа “света должност.” Тој додаде дека наградата може да ја добијат и членови на Талибанците и Ал Каеда.
Филмот, во кој исламскиот пророкот Мухамед е прикажан како женкар и неморално лице предизвика насилни протести во многу муслимански земји низ целиот свет.
Вчера во Пакистан загинаа најмалку 20 лица во судирите меѓу демонстрантите и полицијата. Насилството се случуваше во градови ширум земјата, а најтешка беше ситуацијата во Карачи и Пешавар.
Потеклото на контроверзниот филм “Невиност на муслиманите” се уште е нејасно, а неговиот продуцент Накула и понатаму се крие.