Сабина Селимовиќ, една од двете девојки со босанско потекло, кои од Виена избегаа во Сирија и се приклучија на ИСИС во интервју за францускиот магазин „Париз Марч“ изјави дека во Рака се чувствува слободна и може да и се посвети на религијата.
На прашањето како и поминуваат деновите во Рака, едно од најголемите упоришта на милитантите на ИСИС, Сабина одговори дека многу сака да јаде и дека храната таму е слична на онаа во Австрија.
-Овде може да се најде и кечап, пченкарни снегулки и Нутела – додала Сабина во необичното интервју, за кое експертите веруваат дека е извршено под строг надзор и наредба.
Имено неодамна нејзините родители објавија дека девојката им се пожалила на животот во Сирија и изразила жалење поради својата постапка.
Веста која што го заобиколи светот и најверојатно предизвикала бес кај лидерите на Исламска држава кои се обидуваат да го задржат имиџот на организацијата, со цел да привлечат што повеќе доброволци.
Се претпоставува дека на девојките им е наредено да го негираат она што го имаат речено на своите родители и поради тоа е договорно необичното интервју со францускиот магазин.
Инаку Сабина во инервјуто негира дека е бремена, но потврдува дека е во брак со милитант на ИСИС.
Од францускиот магазин потврдуваат дека нејзиниот сопруг бил во собата со Сабина и ги проверувал сите нејзини СМС одговори.
Е. Г.