ФОТО: Четврти ден Моден викенд Скопје

Од:

На претпоследниот ден на десеттото издание на Моден викенд Скопје беа презентирани осум уникатни колекции на домашни и дизајнерски имиња од странство, вчеравечер во салонот „Ауди-Порше Македонија“.

Micanovic 3

Српската дизајнерка Марина Миќановиќ која на Моден викенд гостува по принцип на размена со дизајнери од српската модна недела од Нови Сад, ја отвори вечерта со колекцијата „Ритамот на асиметријата“. Акцентот на оваа колекција се здолништа со миди должина, кратки сакоа, асиметрични мантили со рамни кроеви и фустани, кои се погодни за носење во сите пригоди.

Во однос на интернационалната соработка која ја интензивираше со модните недели и институции поврзани со модата од регионот, Моден викенд Скопје од оваа сезона „енергија “ добива и од „ЕВН Македонија“.

lebrand1

Вечерта продолжи со презентација на најновата колекција на „Le brand“ за пролет/лето 2015 година, за која дизајнерката Лили Кадинска ја пронајде инспирацијата во црното и белото, во контрастот, портокаловото како неопходна топлина и во потребата на општеството за контролирање на човечката природа. Креаторката Стефанија Насеска продолжува „да си игра“ со буквите и овој пат ја донесе „Кирилица“ за актуелната сезона- „посветена на зачувување на нашата азбука и нејзина афирмација“.

stefanija1

Никола Петровски традиционално со колекција за сеозна однапред , па така и вчеравечер ја презентираше колекцијата за пролет лето 2015 година.

Оливера Штакоска која своето деби го имаше на априлското издание на Моден викенд годинава, вчера ја прикажа „Woolen story“, составена од 20 модели, претежно палта и долги фустани, изработени од волна, памук и кадифе.

olivera3

На претпоследната вечер дебитираше младата Инес Шабан со колекција за актуелната сезона која ја опишува како „италијански гламур проткаен со њујоршки уличен стил и париска префинета едноставност“.

Во соработка со „Prishtina fashion night“ и по гостувањето на Мила Кадриу кај нив во април годинава, на десеттото издание на Моден викенд, се претстави Флутура Дедиња со колекцијата наречена „Хороскоп“ составена од дванаесет модели кои симболично претставуваат по еден од хороскопските знаци.

Dedinja2

Вечерта во салонот „Ауди-Порше Македонија“ ја затвори „THE COLONIAL SPICES COLLECTION“ на Лидија Георгиева. „Судир на Европската и источната култура, зачинет со егзотичната моќ на шафран, куркума, кари, ѓумбир, во амбиент на декаденција на 20-ти години од минатиот век, се провлекува сугестија на Бомбај и Шангај и дискретна нота на рокенрол, својствен на стилот на брендот“, вели за својата колекција Георгиева.

Lidija Georgieva

Во рамките на проектот „Зона 45“ за размена на дизајнери со „Belgrad Fashion Week“ кој е во тек, Георгиева ја претстави својата колекција пред тамошната публика на 23 октомври. Вечерва се затвора ревискиот дел на јубилејниот Моден викенд Скопје со ревијата на познатата српска дизајнерка Ивана Пиља во „Телеком иновацискиот центар“.

Росица Мршиќ на 31 октомври ќе ја прикаже најновата колекција, но начинот на презентирање го остава како изненадување до самиот крај.

Flutura Dedinja Ines Saban 3 lebrand2 Lidija Georgieva 2 Marina Micanovic Micanovic 2 nikola1 nikola3 nikola2 olivera 1 olivera2 stefanija3

Фотографиите се на „Ани и Дими“

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски