Лидија Георгиева за крај на 13. Моден викенд Скопје

Од:

Со ревиите на Дренуша Џара и Јилка Брада „JZJ by Zlatko Jovanovski“, Никола Петровски , „Sigma Jewerly“ и за крај на вечерта Лидија Георгиева, вчера се заврши тринаесеттиот Моден викенд Скопје, кој се одржуваше од 1 до 3 април, во салонот „Порше Македонија“.

BeFunky Collage2

Последниот ден на модниот настан го отворија косовските дизајнерки Дренуша Џара и Јилка Брада, поддржани од USAID EMPOWER Kosovo & Kosovo Apparel Marketing Association – KAMA. Џара ја презентираше колекцијата „Златна ера“ за актуелната сезона, додека Брада дебитираше пред македонската публика со колекцијата „Tradern“, за есен/зима 2016/2017.

BeFunky Collage5

Младиот дизајнер Златко Јовановски презентираше 15 креации во кои доминираат златни и сребрени тонови од колекцијата “JZJ’s KINGDOM”, надополнети со маски, шапки и други аксесоари. Наскоро целата колекција ќе биде изложена во Лондон и ќе остане во салон од кој модни парчиња најчесто изнајмуваат ВИП личности.

sigma

Никола Петровски кој годинава одбележува 20 години од својата прва ревија, на модното шоу симболично претстави 20 креации од претходните колекции и 20 модели од новата колекција „Bocho Chic“, за есен/зима 2016/2017, поддржана од „ПроМедика Естетик“.

BeFunky Collage3

Познатиот бренд „Sigma Jewelry“ ги прикажа новите ексклузивни парчиња италијански накит на својата прва ревија на Моден викенд Скопје. Колекцијата за пролет/лето 2016 е достапна во продавницата во ГТЦ.

Најголемиот дел од колекцијата „THE CHERRY BLOSSOM COLLECTION“ на дизајнерката Лидија Георгиева , надополнета со музиката на DJ Egotrip и Скопје танцов театар со Рисима Рисимкин, на модната писта ја презентираа познати дами , меѓу кои и француската амбасадорка во земјава Лоранс Оер и актерката Сања Арсовска. Креациите беа надополнети со чевли од бутикот VIA.

BeFunky Collage

„Во изразена доминација на пролетни амбиенти, инспирација за колекцијата е истражување на терен досега нетипичен за брендот – излет во седумдесеттите. Се работи за еволуција на добро познатиот панк -рок шик јазик на брендот, но овојпат препознатливите елементи се во комбинација со деликатни акценти на боемски хипи-шик стил“, вели за својата колекција Георгиева.

7

За шминката на манекенките се погрижи официјалниот мејкап партнер „Golden Rose“ во соработка со Зоран Шурбевски и тимот на мејкап артисти а за фризурите „Lakme“ во соработка со Едукативниот центар „Кариера Плус“.

BeFunky Collage2

На тринаесеттиот Моден викенд Скопје, под мотото „ Да живеат осумдесеттите!“ видовме вкупно тринаесет ревии. Наскоро се очекува и отворањето на новото ателје на „MCouture by Mila Kadriu“.

фото: Ани и Дими

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски