Извлекување за наградната игра Фискална во рака-награда без мака

Од:

Еден автомобил, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во износ од по 1.000 денари ќе бидат доделени на вечрашното извлекување на 11-то коло од наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“, чиј приредувач е Државната лотарија на Македонија под покровителство на Министерството за финансии.

Во извлекувањето учестуваат сите коверти испратени за 11-тото коло со 20 фискални сметки со не постар датум од 15.11.2013 година. Фискалните се испраќаат во стандарден бел коверт во кој треба да има посебен лист со податоците на испраќачот и на кој треба единствено да биде напишана адресата на организаторот на наградната игра.

Извлекувањето ќе се пренесува на МТВ1, а имињата на наградените  ќе бидат објевени во дневниот печат и на веб-страницата на Државна лотарија на Македонија во рок од три дена.

Досега во наградната игра  се доделија два стана, два деловни простора, 10 автомобили и 1.500 вредносни ваучери со исзноси од 60.000 до 1.000 денари, а извлекувањето за следното 12-то коло ќе се одржи на 24 ноември 2014 година.

Би можело да ве интересира

Апел од МВР: На интернет се споделуваат лажни наградни игри, граѓаните да бидат крајно внимателни со кого споделуваат лични податоци

Познат скопски ресторан издава фискални сметки на руски јазик

Ана Ололовска

Најмалку фискални сметки се издаваат за извршени услуги

Ана Ололовска

Одложено воведувањето фискални со ГПРС за таксистите

Ана Ололовска

Утре истекува рокот за воведување фискални со ГПРС

Ана Ололовска

Последно извлекување за „Фискална во рака, награда без мака“

Ана Ололовска