Турција: 24 лица од странски конзулати под медицински надзор поради контакт со сомнителен прав

Од:

Дваесет и четири лица се ставени под медицински надзор поради контакт со жолт прав, испратен во поштенски коверт до конзултатите на неколку држави во Истанбул, соопшти турското Министерство за здравство.

Сомнителните коверти со жолт прав вчера биле испратени до конзултатите на САД, Канада, Белгија и Германија во Истанбул.

Во клиниката за инфекциски болести и микробиологија хоспитализирани се 24 лица. Општата здравствена ситуација им е добра, но ќе останат изолирани до добивањето на резултатите од анализата на жолтиот прав, кои се очекуваат в понеделник.

Под надзор се 18 лица од канадскиот козулат – тројца странци и 15 Турци, четворица од германскиот – двајца Турци и двајца Германци и двајца Турци од белгискиот конзулат.

Би можело да ве интересира

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица