Докторка од Клиниката за радиотерапија и онкологија со најмногу прегледани пациенти во октомври

Од:

На ниво на Република Македонија, најмногу амбулантски прегледи од почетокот на месец октомври, досега, реализирала Славица Вељановска, на Одделот за радиотерапија, при Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. Д-р Вељановска прегледала вкупно 438 пациенти од почетокот на месецов.

Како што соопшти денеска Министерството за здравство, други доктори кои во истиот период прегледале над 400 пациенти се д-р Бранко Алексов, интернист од Поликлиника Букурешт–Здравствен дом Скопје, д-р Тошо Плашески–ендокринолог од Универзитетската клиника за ендокринологија и д-р Ана Михајловска–Рендевска, радиолог од Универзитетската клиника за радиологија.

На ниво на Република Македонија, вкупно 30 доктори од почетокот на месец октомври реализирале над 300 амбулантски прегледи, во различни области, меѓу кои: трансфузиона медицина, дерматовенерологија, офталмологија, радиологија, ортопедија, физикална и рехабилитациона медицина, интерна медицина, урологија, радиотерапија, и оториноларингологија.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски