Две деца со западнонилска треска во тешка состојба хоспитализирани во Државна

Од:

18 месечно бебе и три годишно дете со западнонилска треска се хоспитализирани на Клиниката за детски болести, објави порталот zdravstvo24.mk.

Информацијата ја потврдија од Клиниката од каде изјавија дека децата 5 дена се на Детска и биле примени во тешка здравствена состојба. Но, по неколку дена има подобрување иако се уште се под строг здравствен надзор. И двете деца се од Скопје. Засега нема информација каде биле каснати од заразен комарец. Децата имале тешки и некарактеристични симптоми кои го напаѓале нервниот систем. Вирусот бил и лабораториски потврден во Институтот за јавно здравје.

Инаку ова не е прв случај на западнонилска треска годинава на Клиниката за детски болести. Кон крајот на август на одделот за Неврологија беше и седумгодишно девојче кое вирусот го добило од инфициран комарец кога било на одмор со родителите во Грција. Изминатите години во земјава беа регистрирани и неколку смртни случаи поради компликации предизвикани од западнонилската треска.

Болеста не може да се пренесе од човек на човек. Вирусот се пренесува преку заразени комарци. 80 отсто од случаите на инфекција поминуваат без симптоми, додека кај 20 отсто од случаите се развива болест со благи симптоми, кои наликуваат на настинка или грип. Ретко може да се развие тешка болест со симптоми на менингоенцефалитис, односно воспаление на мозочните обвивки и мозокот. Најризични категории се старите лица, децата и луѓето со слаб имунитет.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем