Во седум области во Бугарија е прогласен портокалов код за невреме проследено со дожд и ветер, соопшти бугарското Министерство за животна средина и води.
Според прогнозите, како што јави БТА, претстојнава ноќ големо количество врнежи ќе има во западните региони на земјата и над Родопите.
Утре во текот на денот врнежите ќе ја зафатат целата земја, при што се очекува за едно деноноќие да наврнат меѓу 15 и 30 литри дожд на метар квадратен. На одредени места во Родопите, Предбалканот и западните области од Бугарија врнежите ќе достигна и од 50 до 60 литри на метар квадратен.