Со проекција на трагикомедијата „Родители“ во салата на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес синоќа започнаа проекциите во рамките на годинашното 10 – тото издание на Фестивалот на Новиот германски филм.
Фестивалот започна во Скопје, а годинава се прикажува во уште девет македонски градови во кој е вклучен и Велес и тоа со кино проекции од 20 до 22 октомври.
Фестивалот на Новиот германски филм годинава е под мотото „Сакам филм, а го организира Амбасадата на Германија во Скопје во партнерство со гермаската банка, Про Кредит банка.
На програмата вечер ќе биде прикажан големиот германски хит комедијата „Фак ју Гете, а од 21 часот драмата „Паркот на среќата“.
Програмата на новиот Германски филм во Велес завршува утревечер. Најпрво ќе биде прикажан детскиот филм „Рики“, а потоа и документарниот филм „Германија од горе“. Влезот за сите филмови е бесплатен.