Времето ќе биде сончево со умерена облачност, по котлините со магла во претпладневните часови. Температурата од 17 до 26 степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност и температура до 23 степени.
В среда вечер и в четврток под влијание на влажен и студен бран ќе има пообилни врнежи од дожд, проследени со засилен северен ветер и значителен пад на температурата.
Во западните и северните делови, на планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во снег.
Потоа ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време со слаб локален дожд, а на планините со слаб снег.