Стартува анти-допинг кампања во спортот поддржана од АМС и УНЕСКО

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Марјан Спасески на денешната прес-конференција ја најави новата кампања за подигнување на свеста за ризикот од користењето на допингот во спортот. Станува збор за проект добиен со грант од „Фондот за елиминација на допингот од спортот“ на УНЕСКО во висина од 20 илјади евра.

АМС во соработка Националната анти-допинг почнувајќи од денеска ќе реализира низа работилници, семинари-едукативни предавања за штетноста од користењето на забранети супстанци.

– Целта е низ ваквите семинари и работилници, како и преку печатените материјали и медиумската кампања да се подигне свеста за штетните последици од допингувањето, свеста за важноста од зачувувањето и негувањето на спортската етика и фер-плејот, како и свеста за последиците по кариерата на спортистите кои произлегуваат кога надлежните ќе констатираат употреба на недозволени допинг средства и методи, рече Спасески.

Целната група на овој проект се спортисти, спортскиот персонал и медицинските лица вклучени во тренажниот процес, националните спортски федерации, клубовите, спортистите.

Директорот на АМС очекува одлична соработка од партнери во Проектот, а тоа се националните спортски федерации, Македонскиот олимписки комитет, Сојузот на спортските федерации на Македонија, факултетите за спорт и физичка култура и медиумите.

– Во духот на Конвенцијата би кажале дека започнувањето на ваков вид едукативни семинари е во правец на помагање во заштитата на спортската етика како и во правец на зачувување на интегритетот на „чистиот“ спорт. Ангажираните експерти од оваа област, ќе ги запознаат присутните со новините од областа на допинг супстанците, забранетите допинг средства и методи, односно ќе обезбедат едукација и информираност во правец на борбата против допингот во спортот, истакна Спасески.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска