Водечките тројца маратонци на трката во Бангалор го погрешија свртувањето на 16 -километарска трка, за на крај да бидат принудени до целта да стасаат со автобус и секако останаа без награда.
Маратонците на трката, која официјално ја отвори олимпискиот шампион Етипљанин Хајле Гебреселасије, го згрешиле свртувањето бидејќи така биле наведени од водечкиот автомобил кој го згрешил патот.
По претрчаните километри организаторите конечно ги запреле и им рекле дека трчаат во погрешна насока, така што тие морале да позајмат пари за автобуски билет од гледачите за да стигнат до целта.
– Немаше судии на делот од патот каде наводно требаше да свртиме, рече за „Тајмс од Индија“ еден од маратонците Индерџит Пател.
Тој нагласи дека не му било жал поради изгубената награда, колку поради понижувањето кое го доживеале.