Виетнамската економија расте со стапка од 5,6 отсто годишно

Од:

Државното радио „Гласот на Виетнам“ денеска ги пренесе анализите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, според кои, виетнамската економија годинава ќе има пораст од 5,6 отсто, а идната година овој позитивен тренд ќе се зголеми за 0,2 процентни поени.

Анализите ги потврдуваат и австралиско-новозеландската група експерти, што ја следат и како консултанти ја помагаат виетнамската економија.

Виетнамците се охрабрени со овие анализи, бидејки многумина очекуваа дека по заладувањето на односите со Кина, кој е најголемиот економски партнер на Виетнам, ќе има негативни последици и по економијата на на земјата. Заладувањето на релација Ханој-Пекинг настана поради големите антикениски протести и палење на дваесетина фабрики што се кинеска инвестиција.

Порастот во економијата е најголем во третиот квартал на годинава, а тоа значи дека Пекинг не презел никакви одмазднички чекори кон Виетнам со кој спори и околу сувереноста на териториите на Јужното Кинеско Море.

До пред еден месец во Виетнам се реализирани или се привршуваат 1.152 директни странски вложувања во индустријата и земјоделството. Нивната вредност изнесува 7,5 милијарди долари.

Во меѓувреме, со кинески, сингапурски и јапонски капитал во Виетнам се изврши модернизација и проширување во 417 компании, во што се вложени 3,5 милијарди долари, со што вкупната вредност на директните странски инвестиции во Виетнам во периодот 2010 до 2014 година изнесуваат 11,2 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите во Виетнам

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Најмалку осум лица загинаа, а 187 се повредени во налетот на супертајфунот Јаги во Виетнам

ВИДЕО: Во Виетнам има човек кој не спиел од 1962 година

Предраг Петровиќ

Најмалку 14 лица загинаа во пожар во станбена зграда во Ханој

(ВИДЕО) Десетици жртви во пожар во зграда во Виетнам: дете фрлено од прозорец за да се спаси

Катерина Ѓуровски