ИД се обидела да киднапира командант на сириските бунтовници во Турција

Од:

Групата Исламска држава се обидела да киднапира командант на сириските бунтовници во Турција, што наведува на помислата дека оваа групација слободно дејствува во земја, која е членка на НАТО, пишува британскиот весник „Дејли телеграф“.

Абу Иса, кој е лидер на сириската бунтовничка групација „Суар Рака“, минатата недела се здобил со прострелни рани при напад од заседа поставена од борци на ИД во турскиот град Урфа.

Групацијата на Абу Иса се бори со исламистичките екстремисти во сирискиот град Кобане. што се наоѓа близу турската граница.

Овој случај, како што пишува весникот ја стави под прашање подготвеноста на Турција да ги спречи џихадистите, кои дејствуваат на нејзина териоторија и покрај тоа што изминатите месеци Анкара ги зајакна мерките за безбедност во обид да го прекине протокот на странски борци, кои минуваат преку нејзината долга граница со Сирија, за да се вклучат во џихадистичките борби.

Според близок соработник на Абу Иса, тој и неговиот син, биле извлечени од автомобилот со кој патувале, откако борците од ИД со возило им го попречиле патот. Напаѓачите ги одвеле Абу Иса и неговиот син до границата и планирале да ги префрлат во Сирија.

Зајакнатото присуство на турските војници во областа сепак го отежнало преминувањето на границата и обидот за киднапирање пропаднал, откако еден од соработниците на џихадистите, се откажал од планот и ранетиот Абу Иса го одвел во болница во Урфа.

Турската полиција ги уапси напаѓачите и советникот на Абу Иса, кои управувал со возилото за време на заседата и бил дел од заговорот. Но тие, пишува „Дејли мејл“, се една од неколкуте групи, за кои се тврди дека дејствуват отворено во Урфа и другите турски градови долж границата со Сирија.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска