Во организација на Повардарската епархија синоќа во Соборниот храм „Свети великомаченик Пантелејон“ во Велес се одржа седмата групна венчавка.
За венчавката се пријавиле седум брачни пара, а дошле и се венчале пет, информира свештеникот Мики Миовски, кој заедно со уште тројца свештеници од епархијата ја изврши групната венчавка.
– Целта на оваа венчавка е оние брачни парови кои поради низа причини пред многу години кога се земале не се венчале во црква, туку само во матично, сега да го извршат и овој свет чин, рече Миовски, додавајќи дека Повардарската епархија тоа им го овозможува бесплатно и дека оваа традиција ќе продолжи и во наредните години.