Две деца заболени од жолтица во Велес

Од:

Од почетокот на месецов две деца на пет и деветгодишна возраст заболеле од заразна жолтица и се на лекување во Велешката градска болница, информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес.

Епидемиологот Билјана Трајкова изјави дека поради тоа што инкубацијата трае во просек четири недели може да се очекува и новозаболени од оваа заразна болест. Таа воедно посочи дека ако од почетокот на годинава најголемиот број заболени биле возрасни, сега заболените се деца од школска и претшколска возраст.

Според ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес во текот на септември биле регистрирани најмногу заболени од заразна жолтица, пет пациенти што е најголем број заболени годинава.

– Инаку, од почетокот на годинава во Велес и велешко имало 11 лица заболени од заразна жолтица. Од нив тројца заболени се регистрирани во периодот од јануари до јуни, еден во август, петмина заразени во септември, и најновите два случаи во октомври, информира д-р Трајкова.

Таа апелира до населението и учениците да внимаваат на својата лична хигиена и почесто да ги мијат рацете како заштита од болеста која е заразна и лесно се пренесува преку нечисти раце и во контакт со заболено лице уште во периодот на инкубацијата.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем