Нов дом за семејството Петрови во село Мородвис, кочанско

Од:

Со заеднички средства на општината Зрновци и Министерството за труд и социјална политика е изграден нов дом за живеење за семејството Петрови во селото Мородвис, на кои пролетта им падна кровот и дел од семејната куќа.

За изградбата на новата семејна куќа на Петрови општината Зрновци и МТСП досега инвестираа над 200 илјади денари.

Четриричленото семејство Перови, кое е корисник на постојана постојана социјална парична помош, денеска го посети министерот за труд и социјална политика диме Спасов.

– Семејството е со социјален ризик и корисник на постојана социјална помош. Иницијативата на градоначалникот на општина Зрновци и на Центарот за социјални работи од Кочани ја прифативме и во фаза сме на обезбедување топол дом со пристојни услови за живот на семејството Петрови, изјави Спасов.

Додаде дека МТСП ќе обезбеди и дополнителни средства за довршување на започнатите активнсоти, а преку акцијата се грижиме за топол дом ќе биде обезбеден мебел и останати електрични апарати за семејството.

Соработката на општина Зрновци и на МТСП продолжува и понатаму, истакна градоначалникот, Блаже Станков.

За наредната година најави почеток на изградбата на детска градинка и простории за активност на пензионерите од општината.

Директорот на Центарот за социјална работа од Кочани, Весна Данева со заложба преку нивниот центар да бидат прифатени сите иницијативи од корисниците на социјална помош. За семејството Петрови таа најави и отпис на дел од долговите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ поднесе амандман за трагедијата во Кочани, 934 милиони денари помош за настраданите

Горан Наумовски

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

(ВИДЕО) Лукаревска: СДСМ предлага 934 милиони денари поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

Горан Наумовски

Семејствата на жртвите од „Пулс“ бараат законската финансиска помош

Во Кочани изгореа една куќа и 15 хектари зимзелена и нискостеблеста шума

29-годишен маж од Кочани е тешко повреден во сообраќајка