Министерот Адеми го посети ОУ „Фаик Коница“ во липковско Слупчане

Од:

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, придружуван од градоначаникот на Липково Садула Дураку, денеска го посети основното училиште „Фаик Коница“ во липковското село Слупчане, кое беше реновирано со грант од Амбасадата на Јапонија во Македонија.

– Соработката помеѓу Општина Липково и Амбасадата на Јапонија во Република Македонија придонесе учениците во ОУ „Фаик Коница“ во Слупчане да добијат нови, модерни училници, опремени со најсовремени материјали, кои ќе им помогнат во воспитно-образовниот процес, изјави  Адеми, додавајќи дека Липково е меѓу ретките македонски општини што успеала да обезбеди донација за реконструкција на училишен објект на нејзина територија.

– Се надевам дека примерот на Липково ќе го следат и останатите локални самоуправи во Македонија и самостојно ќе успеат да најдат средства за подобрување на условите во училиштата, со што на своите ученици ќе им ги приближат европските и светските стандарди за изведување настава, рече  Адеми.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците