Докторка од Клиниката за детски болести со најмногу прегледи во изминатата година

Од:

Податоците во националниот систем за закажување прегледи МојТермин покажуваат дека најмногу реализирани прегледи во период од една година има д-р Маја Ивановска, педијатар од Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, соопшти Министерството за здравтсво.

Д-р Ивановска, во периодот од 1.10.2013 до 30.09.2014 година има реализирано 7,352 прегледи. Во истот тој период, докторката имала 299 работни денови (со вклучени дежурства и повици). Според реализираните прегледи, податоците покажуваат дека докторката просечно прегледувала по 24 пациенти на ден.

Втора на листата е д-р Андријана Јаневска-Трпковска, интернист од ПЗУ Интермед–Плус, која во истиот овој период прегледала 5,532 пациенти. Докторката имала 237 работни денови и просечно прегледувала по 24 пациенти на ден.

Во септември годинава, пак, најмногу реализирани прегледи – 570 има д-р Славица Вељановска, специјалист по радиотерапија при Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски