Мистериозни герилски групи натераа страв во коски на терористите
Војната против Исламската држава влезе во нова фаза. Најбруталните терористи на денешницата добија нов непријател. Се работи за мали бунтовнички групи кои се служат со герилски методи за да нанесат што поголеми загуби на Исламската држава и натераа страв во коски на нивните припадници.
Овие групи засега најмногу делуваат на подрачјето на сирискиот регион Деир ал-Зор, кој инаку е богат со нафта.
Една од нив е позната под името Бел плашт. Вкупно брои околу 300 членови, а делуваат по групи составени од четири лица кои делуваат независно едни од други. Главна задача им е да се убијат што повеќе терористи, што им оди од рака со оглед дека се фалат како во последните неколку месеци убиле над 100 од нив.
Нивниот лидер, кој се претставува под името Абу Абоуд, вели дека групата го добила името по посмртните покрови, а припадниците на Исламската држава кои се одговорни за злосторствата проти Сиријците ги чекаат токму тие.
Абоуд порано бил еден од командантите на бунтовничка група, финансирани од страна на САД, која се борела против претседателот Башар ал-Асад, но нив ги прегазила Исламската држава која во почетокот на годината презела целосна контрола на Деир ал-Зор. Тој регион заедно со Рака се најголемите упоришта на исламските милитанти.
Герилската група Бел плашт своите акции најчесто ги презема во близина на градот Ал Букамала, кај ирачката граница. Тоа е регион од голема важност за терористите, бидејќи од тој регион ги контролираат своите територии во Ирак и Сирија.
– 80 отсто од нашите членови не се бореа се до доаѓањето на Исламската држава. Ги обучивме и ни се придружија поради угнетувањето кое го почувствуваа откако терористите ја презедоа контролата – рече Абоуд.
Сириската опсерваторија за човекови права вели дека оваа група не е единствена која се побунила против ИС во Деир ал-Зор. Според нив постојат уште неколку групи кои имаат иста цел. Според Опсерваторијата сите тие групи во последните месеци користат секоја прилика за да се спротивстават на моќните терористи.
– Фантомска бригада, Бригада на ангели на смртта… Сите бунтовнички групи зимаат слични имиња – вели Рами Абдулрахман, кој е директор на Опсерваторијата, додавајќи дека тие собираат информации од сите страни вклучени во судирите.
Една од овие бунтовнички групи минатиот четврток во ноќен напад на контролната точка во градот Ал Маудану убија десетици терористи, извести Опсерваторија. – Бунтовниците преземаат се повеќе акции против ИС рече Абдулрахман. Лидерот на Бел плашт, Аму Абоуд вели дека еден од најважните елементи во нивното делување е таинственоста.
Групата содржи помали групи од четири членови кои работат независно една од друга – рече Абоуд. Една од најзначајните акции кои ги презеле нивните припадници се однесува на нападот на позициите на ИС во ал Бакамал кога убиле 11 терористи.
Со оглед на тоа дека ИС е соочена и со воздушни напади од коалицијата која ја предводи САД, би се рекло дека работата на бунтовниците во тоа значително е олеснета, но Абоуд вели дека работите стојат поинаку.
Имено, Абоуд тврди дека поради нив терористите повеќе не се движат во големи групи, туку во многу помали, често навечер и тоа на мотори што ги отежнува нивните акции.
Што се однесува до оружјето кое го користат, портпаролот на групата Абу Али Аибукамали тврди дека се работи за оружје кое го користеле анти-Асадовите бунтовнични групи.
Наспроти скромните извори, портпаролот на групата тврди дека таа ја постигнала својата цел.
– Го зголемивме стравот меѓу припадниците на Исламската држава. Денес нема да ги видите како одат сами, секога се во група бидејќи се плашат од киднапирања – заклучи Албукамали.
Јутарњи лист – Загреб