Меѓународна конференција „Медиумите во Југоисточна Европа: Недоволно или премногу информации“

Од:

„Медиумите во Југоисточна Европа-Недоволно или премногу информации“ е насловот на меѓународната конференција што во организација на  Медиумската организација на ЈИЕ (SEEMO), Централно-европската иницијатива и Фондацијата „Конрад Аденауер, ќе започне денеска во Скопје.

На отворањето на Форумот, реномирани домашни и меѓународни претставници од сферата на медиумите, граѓанското општество, државните институции и академската јавност ќе дебатираат за прашања поверзани со пристапот до информацииите од јавен карактер за новинарите, новинарството базирано на податоци, приватноста и заштитата на новинарските извори и медиумската саморегулација. Посебна сесија ќе биде посветена на медиумското покривање на настаните во Украина.

Повеќедневниот форум се реализра во соработка со Советот на Европа, австирското Министерство за надворешни работи и евроинтеграции, EBU, Здружението на новинарите на Македонија и Македонскиот институт за медиуми.

На конференцијата ќе учествуваат новинари и медиусмки работници од регионот на ЈИЕ од Украина. Воведни обраќања ќе имаат претставници на СЕЕМО со седиште во Виена, на претседателот на СЕЕМО за Македонија Горан Михајловски, Тарја Туртија претставник на УНЕСКО од Парис. Предвидено е учесниците да ги поздрави министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој треба да учествува и на дебата со уредници од македонски медиуми на тема „Медиумите и политиката во Македонија“.

Пред стартот на форумот ќе се одржи посебна сесија на која ќе биде претставен новоформираниот Совет за етика во медиумите на Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Пресвртен ден во Европа, Минхен под опсада – CNN: „Дојде часот, а прашината сè уште не е слегната“